Растат трошоците за живот. Од ССМ пресметаа дека за три месеци односно од јанаури до март се зголемиле за над 2.300 денари. Односно на едно четиричлено семејство му требаат плус уште толку пари за да ги покрие основните трошоци во месецот.
Според, анализата на ССМ минималната синдикална кошничка во март изнесува 67. 818 денари и во споредба со претходниот месец е порасната за над 400 денари, а со трошокот за кирија за стан изнесува 87 илјади денари.
Само за храна и пијалаци во месецот оди една минимална плата, а за една година за овие потреби на едно четиричлено семејство му требаат над 300 илјади денари.
Во меѓувреме земјоделците најавуваат поскапување на производите заради случувањата на Блискиот исток. Експертите и стопанствениците пак веќе предупредија бран поскапувања поради воениот конфликт.
