Патничкиот сообраќај на меѓународниот аеродром Бранденбург во Берлин е речиси целосно во прекин поради штрајкот на синдикатите за повисоки плати на вработените.
Штрајкот, кој ги погоди повеќе од 57 илјади патници, почна во шест часот изутринава. Од 445-те летови веќе неколку се откажани. На патниците им се препорачува да ги контактираат своите авиокомпании за алтернативни патувања.
Верди, еден од најголемите синдикати во Европа, е во преговори со компанијата „ФББ“ што стопанисува со берлинскиот аеродром Бранденбург. Бараат шестпроцентно зголемување на платите или најмалку 250 евра за околу две илјади вработени. Согласно последниот колективен договор со важност од 12 месеци, Синдикатот уште бара и дополнителен слободен ден за работниците.
T.Д.
