Вести Македонија Топ вести

Пожарот на Јабланица локализиран, армиски хеликоптер изврши 16 прелети

На територијата на државата денеска регистрирани се три пожари на отворено, меѓу кои и пожарот на планината Јабланица, кој е локализиран со помош на интевернција на армискиот хеликоптер, информираат од Центарот за управување со кризи.

Пожарот на планината Јабланица е локализиран, а во неговото гаснење утрово интервенирал и хеликоптер на Армијата, кој изврши 16 прелети и исфрли 16 ведра вода, дејствувајќи околу три часа, а во гаснењето учествувале и ТППЕ Струга, како и 12 лица од ЈП „Национални шуми“ – Јабланица, Струга.

Во Битолски регион, пожарот во дабова шума на планината Бигла, кој избувна вчера во 12:30 часот во близина на манастирот „Св. Димитрија“ во село Смилево, Општина Демир Хисар, утрово е локализиран од страна на ПШС „Бигла“ – Демир Хисар.

На терен се ангажирани 5 вработени од ПШС „Бигла“ и 2 пожарникари од ТППЕ Демир Хисар.

Во Струмички регион, како што информираат од ЦУК, ТППЕ Гевгелија од 11:05 часот интервенира на запалена трска во поле во атарот на село Богородица, Општина Гевгелија. Во интервенцијата се ангажирани 2 пожарникари со 1 противпожарно возило.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Уредот за хлорирање во Крушево не работел еден час поради немање струја, случајот не може да се споредува со Гостивар

Sasko Dimovski

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе