Вести Свет Топ вести

ЦЕНТКОМ: Американските сили погодија повеќе од 90 воени цели на иранскиот остров Харк

Американските сили синоќа извршија голем прецизен напад врз иранскиот остров Харк, соопшти денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).

Според ЦЕНТКОМ, успешно се погодени повеќе од 90 воени цели на иранскиот остров Харк.

Претходно, иранската новинска агенција Фарс, поврзана со Иранската револуционерна гарда, објави дека во текот на американските напади врз островот Харг се слушнале повеќе од 15 експлозии.

Според Фарс мета на нападите не била нафтената инфраструктура, туку биле бомбардирани противвоздушната одбрана, поморската база, контролната кула на аеродромот и хангар за хеликоптери.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп на „Трут соушл“ објави дека американската армија само што извршила еден од најмоќните воздушни напади во историјата на Блиски Исток.

Пред само неколку моменти, Централната команда на САД спроведе еден од најмоќните бомбардирања во историјата на Блискиот Исток, целосно уништувајќи ги сите ВОЕНИ цели на островот Харк, бисерот на Иран, наведе Трамп.

Тој додаде дека одлучил да не ја напаѓа нафтената инфраструктура на островот.

Одлучив да НЕ ја уништам нафтената инфраструктура на островот. Меѓутоа, ако Иран или некој друг направи нешто за да го спречи слободното и безбедно поминување на бродовите низ Ормускиот Теснец, веднаш ќе ја преиспитам таа одлука, посочи Трамп.

Иранската армија соопшти дека секој напад на нафтената и енергетската инфраструктура ќе доведе до напад на енергетската инфраструктура во сопственост на нафтените компании, кои соработуваат со САД во регионот.

На островот Харк, на околу 30 километри од брегот, се наоѓа најголемиот терминал за извоз на нафта во Иран, кој обезбедува околу 90% од извозот на сурова нафта во земјата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе