Вести Македонија Топ вести

Силјановска – Давкова: Зарем Катја не беше дел од нашата иднина и зарем Ивана немаше право на среќа?

По повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, во Собранието се одржа седница на тема „Правата и можностите на жените – достигнувања и перспективи“.

Покрај претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на седницата се обратија и: Африм Гаши, претседател на Собранието, пратеничките Моника Зајкова, Дијана Тоска, Даниела Белимова, Калтрина Беќири и Јована Мојсоска, пратениците Фатмир Битиќи и Љупчо Пренџов и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Претседателката во своето обраќање укажа на потребата од сериозни реформи насочени кон родова еднаквост и ставање крај на неподносливото насилство врз жените во македонското општество.

Страшно е секој 8 март, да броиме нови жртви, да презентираме апдејтирани/најнови статистики, да дебатираме за политики, да усвојуваме стратегии, посочувајќи ги истите проблеми,  презентирајќи брутални статистики, предлагајќи претходно предложени, но  непреземени мерки и активности.

И овој 8 март, непосредно по несфатливата смрт на Ивана и на Катја, тешко ми е да го доживеам како Ден на жената!

Симболиката на празникот се изгуби во мракот на суровата, непоимлива и неприфатлива реалност.

Пред нас е фундаменталното прашање: Дали навистина животот е неприкосновен, како што гарантира членот 10 од Уставот? Дали ова важи за Рамајана, Росица, Ивана и малата Катја“, праша претседателката од собраниската говорница.

Прашувам, додава Сиљановска, дали и колку вреди женскиот живот?

Зарем Катја не беше дел од нашата иднина и зарем Ивана немаше право на среќа? Дали навистина за жените и за децата во некои семејства е забранета присилната работа?

Не е доволно во Кривичниот законик да се предвиди кривично дело фемицид, кога толку често доаѓа до преквалификација, ако надлежните не постапуваат ex officio, односно по службена должност, иако измените на Кривичниот законик тоа го овозможуваат, ако се преферира условната казна, наместо највисоката?

Затоа, учеството на жените во локалната и во централната власт не претставува само прашање на квантитативна застапеност, туку суштински показател за зрелоста и за квалитетот на јавните одлуки. Политиките не се апстрактни норми, туку конкретни механизми што ги обликуваат условите за живот: домот, образованието, безбедноста, економската сигурност и секојдневната благосостојба. Оттука, кога во процесите на одлучување се интегрираат женската емпатија како способност за препознавање на социјалната ранливост, мајчинската одговорност како свест за долгорочните последици, како и умот и знаењето, изградени низ професионално и животно искуство, се креираат  политики со поголема аналитичка длабочина, етичка чувствителност и општествена одржливост“, кажа, меѓу другото, шефицата на државата.

Стојанче Јовановски останува во притвор, се проверуваат пропусти по физичките напади и смртта на неговата сопруга и ќерка

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе