За да си оди порано од работа пријавил лажно поставена бомба. Ова се случило во РЕК Осломеј каде вработен не сакал повеќе да биде на работното место, па решил работите „да ги земе во свои раце“.
Според информациите на МВР, тој телефонирал на својот шеф на кој му кажал дека има доверливи информации поврзани со поставена бомба и дека треба истата да се пријави во полиција.
„На 05.03.2026 во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј. Тој, во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба. По преземени мерки и извршени проверки со обезбедувањето, полициски службеници констатирале дека нема поставено бомба и се работи за лажно пријавување. По преземени мерки, Р.Б. е пронајден во викенд куќа во кичевското село Осломеј и е лишен од слобода. Притоа, тој признал дека е лажна пријавата и дека го измислил тоа за да може порано да си замине од работа“ соопштуваат од министерството.
Лицето е задржано во полициската станица во Кичево и целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Т.Д.
