Вести Македонија Топ вести

Кривична пријава за ширење омраза кон македонската држава и идентитет- 30-годишeн скопјанец поттикнат од бугарски државјанин отпечатил пропаганден материјал со намера да го дистрибуира

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г од Кривичниот законик.

  • Осомничениот, преку посебно креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук, споделувал содржини кои предизвикуваат национална и етничка дискриминација со што поттикнувал омраза кон македонската држава и идентитет. По претходни сознанија на Агенцијата за национална безбедност, полициски службеници извршија претрес и одзедоа пропаганден материјал што 30-годишниот скопјанец го отпечатил со намера да го дистрибуира во земјава.

На ваквите активности осомничениот бил поттикнат од бугарски државјанин кој подолг период на социјалните мрежи и на други портали објавува содржини чија цел е поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство.

Јавното обвинителство, во соработка и со координација со другите надлежни органи, продолжува да презема дејствија за обезбедување докази.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе