Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби.
Од нив, 19 луѓе се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 луѓе од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин.
Согласно информациите добиени од надлежните власти, сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати. Евакуацијата ќе биде отпочната во првата безбедна прилика, при што веќе се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување веднаш штом се создадат соодветни услови.
Во врска со ситуацијата на македонските државјани во Дубаи и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) по ескалацијата на конфликтот во регионот (март 2026 година), македонското Министерство за надворешни работи (МНР) и Амбасадата во Абу Даби веќе преземаат чекори, иако пристапот е поразличен од оној на Србија, која веќе врати 200 свои државјани со авион на авиокомпанијата FlyDubai.
За разлика од Србија, која веќе испрати авиони за своите граѓани, македонските власти во моментов како најбезбедна опција ја разгледуваат репатријацијата преку копнен пат.
Се планира транспорт со автобуси од ОАЕ до Саудиска Арабија (пат кој трае 13–15 часа), од каде граѓаните би се префрлиле на авионски летови од побезбедни аеродроми.
Саудиските власти веќе најавија подготвеност да издаваат хуманитарни визи на граница за оваа намена.
Една од опциите кои се разгледува е преку Оман, односно се разгледува и можноста за евакуација преку копнената граница со Султанатот Оман.
Според официјалните соопштенија од македонското МНР, во овој момент не постојат безбедни услови за директни евакуациски летови од аеродромите во Дубаи и Абу Даби за македонските авио-превозници или чартер летови, бидејќи воздушниот простор се смета за ризичен.
Летовите кои досега го напуштија Дубаи беа главно ограничени за патници кои веќе биле затекнати во транзитните зони.
Да потсетиме дека повеќе од 400 македонски државјани досега се јавиле во нашите дипломатски претставништва во регионот (Тел Авив, Абу Даби, Доха) за информации.
Околу 30 граѓани изразиле желба веднаш да бидат евакуирани.
МНР соопшти дека е во постојан контакт со „пријателски земји и партнери“ за координирано извлекување.
Повеќе од 400 македонски граѓани побарале информација, а 30 евакуација од Изрел и Доха
