Вести Свет Топ вести

Нетанјаху: Војната против Иран нема да трае со години, но ќе потрае „извесно време“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната на САД и Израел против Иран би можела да потрае „извесно време“, но дека нема да трае со години.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првично процени дека војната ќе трае четири до пет недели, но додаде дека би можела да потрае и подолго.

Нетанјаху ја отфрли можноста конфликтот да трае со години, како претходните војни во регионот.

Реков дека би можела да биде брза и одлучна. Можеби ќе потрае извесно време, но нема да трае со години. Тоа не е бесконечна војна, рече Нетанјаху во емисијата „Hannity“ на Фокс Њуз.

Нетанјаху изјави дека на војната гледа како на можност за траен мир на Блискиот Исток, вклучително и меѓу Израел и Саудиска Арабија.

Тој кажа дека војната на САД и Израел против Иран создава услови иранскиот народ да ја собори својата влада.

Секако, на крајот останува на народот на Иран да ја промени владата, но ние создаваме – Америка и Израел заедно создаваме – услови тоа да го направат – рече израелскиот премиер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе