Милијарди евра се вртат во спортските обложувалници и казината низ Македонија. Само минатата година, македонските граѓани, но и странските државјани оставиле неверојатни 2,8 милијарди евра во казината, автомат клубовите и обложувалници.
Ова се официјалните податоци доставени од Управата за јавни приходи – бројки што отвораат сериозни прашања за економското и општественото влијание на оваа индустрија.
Во меѓувреме, иницијативите за затворање или дислоцирање на казината подалеку од училиштата и образовните установи засега остануваат без конкретен исход. На оваа, но и останати теми повеќе во емисијата „Бизнис Објектив“ која се емитува секоја недела во 20:15 часот.
