Вести Македонија Топ вести

Извештајот на Вајц повнимателен во поглед на спорот со Бугарија од лани

За разлика од лани кога Извештајот за Македонија во Европскиот парламент ги разбранува страстите, особено меѓу бугарските европартеници, поради барањето за признавање и почитување на македонскиот јазик и идентитет, новиот извештај за земјава на известувачот за Македонија, европратеникот, Томас Вајц, во Комитетот за надворешни работи помина без големи забелешки на текстот, дури и од бугарските европратеници. Речиси сите групи во ЕП се согласија со Вајц дека земјата треба да ги засили реформите, особено во владеењето на правото каде има уште многу да се работи, да ги спроведе уставните измени, но и дека и ЕУ треба да го исполни својот дел од обврските.

Вајц во контекст на устанивте измени,  рече дека правата на малцинствата и самоопределувањето се дел од европското законодавство и дел од преговарачката рамка на земјата, но во ниту еден момент тој не реферираше конкретно на бугарското малцинство, туку зборуваше вооопштено.

„Постои потреба за исполнување на ова барање да се додадат дополнителни малцински заедници кои постијата во земјата во Уставот“,  рече Томас Вајц, известувач за Македонија во ЕП.

Известувачот во сенка на Европските народни партии, Матеи Тонин, пак потенцирајќи ја големата политичка поларизианост во земјатаж подвлече две точки од извшетајот на Вајц, кои според него допираат клучни точки од процесот.

„Точка два нотира дека реформскиот моментум изискува обновена политичка посветеност, вклучително и за потребните уставни измени. И точка пет повикува билатералните спорови меѓу земјите дека треба да се решаваат преку отворен дијалог и искрена соработка надвор од пристапниот процес“, изјави Матеи Тонин, известувач во сенка за Македонија на Европските народни партии.

Социјалдемократите во комитетот се согласија со Народните партии дека македонските граѓани исцрпени и желни за прогрес. Тој изрази жалење дека владата и дел од политички сили во земјата не можат да се обединат во интерес на граѓаните, наведувајќи дека владата како влада има голма одговорност за тоа.

„Тоа што го нема во Извештајот е причината за недостигот на напредок, од страна на Македонците, но исто така, и од страна на Советот, бидејќи Советот има голема одговорснот што не обезбедува кредибилна перспектива за проширување“, посочи Тис Руте, известувач во сенка на Социјалситите и демократите.

Европската група на Патриоти пак во контекст на третманот на малцинствата побараа на Македонија да и се дава повеќе поддршка отколку барања, оти во спротивно нема да бидат постигнати целите. Според нив, во контекст на регионот ЕУ мнора да биде фактор на стабилост, а не на поларизација, односно да не се дозволува различни малцинства или мнозинства да ги користат преговорите и слабите позиции на некои од земјите-кандидати.

Иако Извештајот на Вајц годинава е многу внимателен во поглед на спорот и односите меѓу Бугарија и Македонија, без да се реферира за тоа ниту еднаш во Извештајот, бугарските пратеници не испуштија да ја потенцираат неопходноста на уставните измени и почитување на правата на малцинствата. Според нив владата на Христијан Мицкоски води политика на барање на надворешни непријатели за внатрешните проблеми, пред се во сосдените држви и ЕУ, создавајќи идентитетски проблем. Според нив местото на Македонија е во ЕУ, но не по секоја цена. Со темпото со кое владата во Македонија ги исполнува обврските, како што посочи еден од нив, таа ќе чека на членство не уште 20 години, туку 120 години.

Тамара Грнчароска

Дигитална обработка: Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе