Вести Економија Топ вести

ЕСМ ќе плати над 7 милиони евра за грчки јаглен, 150.000 тони одат за РЕК Битола

ЕСМ ќе потроши над 7,3 милиони евра за грчки јаглен потребен за РЕК Битола. Ова го покажува пресметката направена врз основа на параметрите дадени во документите. „Електрани“ склучи договор за набавка на 150.000 тони од овој енергенс по цена од 450 денари за гигаџул, за да може најголемата централа во земјава да произведува струја и целосно да се покријат домашните потреби.

Јагленот е од рудник кај Кожани и ова е првпат да се направи нарачка од таму. Вообичаено договорите се склучуваа со „Протергија“, фирма ќерка на Митилинеос, име добро познато во македонската јавност. Во земјава, пак, енергенсот до РЕК Битола ќе го носи фирмата „ХИБ Петрол Груп ДООЕЛ Скопје“. Според документите на Бизнис мрежа, седиштето е во Визбегово.

Ова е втора набавка на јаглен од тендерот со кој ЕСМ бара 730.000 тони за РЕК. Инаку, за двете централи и за Битола и за Осломеј во Кичево се бараа над милион тони. Овие количини практично се набавуваат затоа што не можат да се обезбедат на домашен терен. Македонските рудници одамна во целост не можат да го испорачаат потребниот јаглен.

Пред извесно време од ЕСМ соопштија дека дел од рудникот во Осломеј се затвора, затоа што целосно биле исцрпени резервите.

Со ваквите набавки се зголемува трошокот на компанијата која веќе извесен период не работи најдобро, а кој потоа може да се пресмета во понудата на новата цена на струја од ЕСМ од која најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи. Сега изнесува 65 евра за мегават час и далеку е под производната на ЕСМ. Ваквата разлика во цените беше една од точките во извештајот на ревизорите, во кој беше нотирано дека ако ЕСМ продолжи да продава струја по дампинг цена, може да се соочи со колапс.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе