Вести Економија Топ вести

Кој ќе ја води РКЕ? – поранешен градоначалник во трка за претседател

Поранешниот градоначалник на Радовиш, Ацо Ристов ќе конкурира на огласот за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ова тој лично го потврди за Телма. Дали ќе биде избран не се знае, затоа што за тоа допрва ќе се одлучува, но кажа дека ќе се јави на повикот. По новиот Закон за енергетика, собранието е тоа кое треба да го објави оглас за избор на нов претседател.

До изборот, Регулаторната комисија функционира со шест члена.

Инаку, вчера Собранието ја констатираше оставката на поранешниот претседател на РКЕ, Марко Бислимовски, кој минатата недела си поднесе оставка од функцијата. Тој на оваа позиција беше од 2018 година, а вториот петгодишен мандат требаше да му заврши во јуни во 2028 година.

Ацо Ристов, пак, беше градоначалник на Радовиш во периодот од 2021 до 2025 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана – Трамп побара, Претставничкиот дом на САД одобри

Sasko Dimovski

Петнаесетина минути чекање на ГП „Богородица“ за излез од државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе