Вести Економија Топ вести

Трипуновски: Исплатата на ИПАРД ќе продолжи – ќе помогне и државата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска изјави дека за проверените и завршени проекти на корисниците на ИПАРД програмата кои се одобрени и се реализираат, најверојатно ќе излезе во пресрет државата и ќе ги поддржи, а потоа тие средства ќе се компензираат со парите од Европската комисија.

Министерот најави дека идниот месец ќе замине во Брисел каде ќе има средба со претставници на комисијата за ИПАРД програмата откако беше блокирана исплатата под сомнежи за мито на поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе