Вести Економија Топ вести

Се бара чаре за Чебрен – Божиновскa: Сакаме да биде наш проект, но буџетот не е во најдобра состојба

Желба има, но пари нема.  Деценискиот Чебрен се уште е само проект испишан на хартија. Нема ниту одлука како ќе се реализира – дали можеби владата ќе ја гради централата со партнер или пак ќе биде целосно во рацете на некој инвеститор ? Најдобрата опција би била да е во сопственост на државата, но буџетот тоа нема да го издржи, смета министерката за енергетика Божиновска. Според, анализите би чинел над една милијарда евра.

„Мислам дека во следниот месец до два ќе имаме повеќе информации меѓутоа се работи. Како што знаете буџетот не ни е во најдобра состојба, меѓутоа ќе видиме сепак се работи за над 1 милијарда евра“, изјави министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Парите пак кои годишно се извојуваат за капитални проекти се далеку под милијарда. Но, подоцна поради слаба реализација најчесто од оваа ставка се префрлат средства за покривање на други дупки. Па, од тука се отвара прашањето дали наместо да се прави тоа средствата би можело да останат за капитални, а со тоа да се соберат пари за Чебрен со што ќе се создаде можност државата сама да го реализира. Но, во оваа ставка тешко да влезе овој скап проект, затоа што има  желби за други инвестиции од колеги на Божиновска кои застапуваат други министерства.

Премиерот Мицкоски пак проектот прво го презентираше пред инвеститорите во ОАЕ, а сега  и во Давос. Но, не се знае дали интересот за Чебрен кај нив ќе остане само на размена на контакти или пак бил привлечен да бидат дел од него.  Министерката Божиновска пак тврди дека интерес  има.

„Можам да ви кажам дека нас не контактираа фирма од Јапонија и француската ЕДФ не контактираа дека се заинтересирани“, додава Божиновска.

Претходно Мицкоски зборуваше и дека Чебрен и Галиште ќе се гради со заем зад кој ќе стои Обединетото Кралство.

Овој проект е дел од програмата на речиси секоја влада, но до сега никој не успеа да го реализира. Во последните 20 години пропаднаа 14 тендери. Последно претходната владина гарнитура преговараше со грчката компанија Архиродон. Планот беше за една милијарда да ја изгради централата на Црна Река, а за возврат да добие две третини од стопанисувањето, но и да менаџира со ХЕЦ Тиквеш.

ВМРО – ДПМНЕ,  тогаш во опозиција се противеше да им се даде и  Тиквеш. Дел пак од домашните експерти бараа Чебрен да го гради државата со тврдење дека има капацитет.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе