Вести Свет Топ вести

(фото)Затоплувањето ги помести циклусите за размножување на антарктичките пингвини

Затоплувањето на Антарктикот ги принудува пингвините да го поместуваат периодот на размножување сè порано, покажува нова научна студија.

Во изминатата деценија температурите на нивните живеалишта пораснале за околу 3 Целзиусови степени, поради што три вида пингвини започнуваат со размножување околу две недели порано отколку претходно.

Оваа брза промена може да создаде сериозни проблеми, особено за младенчињата, бидејќи времето на изведување повеќе не се совпаѓа со периодот кога има најмногу храна.

Истражувачите користеле 77 камери во десетици колонии и анализирале милиони снимки од периодот 2011–2021 година, со што прецизно ги следеле промените во однесувањето на пингвините.

Најпогодени се пингвините Адели и Чинстрап, кои се хранат исклучиво со крил, за разлика од пингвините Генту кои можат да се прилагодат и да ловат риба.

Со преклопувањето на периодите на размножување, се зголемува конкуренцијата за храна, што дополнително ги загрозува нивните популации, предупредуваат научниците.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Скопје дувал ураган со брзина од 130 километри на час – најсилен скопски ветер измерен по 36 години

Дејан Дејан

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе