Вести Култура Топ вести

Почина српската и југословенска пејачка и глумица Сенка Велетанлиќ- публиката ќе ја памети по елегантниот стил и длабоката емоција во интерпретацијата

На 89-годишна возраст почина српската пејачка Сенка Велетанлиќ, која на македонската јавност ѝ беше позната и како сопруга на реномираниот пејач и актер Зафир Хаџиманов.

Како што објави на Фејсбук нејзиниот син, кој е џес музичар Васил Хаџиманов, таа „си замина тивко, достоинствено, како во сон, како дома, по тешко боледување“.

Сенка Велетанлиќ е родена во Загреб, а својата музичка кариера ја започнала како членка на хорот на КУД „Јожа Влаховиќ“. Првиот голем успех го постигнала во 1960 година на Опатискиот фестивал со песната „Ноќ без ѕвезда“, со што се вброи меѓу најзначајните имиња на шлагер-сцената во шеесеттите години. Публиката ја памети по елегантниот стил и длабоката емоција во интерпретацијата.

Сенка и Бисера Велетановиќ (џез пеачка и интерпретатор)

Во средината на шеесеттите години стапила во брак со Зафир Хаџиманов, со кого во 1967 година одржала заеднички рецитал во театарот „Атеље 212“ во Белград, настан кој остана запаметен како важен момент во музичката и телевизиската историја на регионот. Од нивниот брак го имаат синот Васил Хаџиманов, еден од најистакнатите џез-музичари на овие простори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе