Вести Свет Топ вести

(фото)Богојавление во Русија- во ледени дупки во езерата и реките православните хритијани ќе го одбележат Христовото крштевање

Православните христијани низ цела Русија го одбележат празникот Богојавление.

Низ цела Русија, христијаните го слават Богојавление со потопување во ледена вода низ дупки исечени низ мразот на езерата и реките, по примерот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан.

Во руските градови, се сечат ледени дупки во езерата и реките за церемониите, и покрај екстремно ниските температури во многу региони.

Во Новосибирск, каде што температурите паднаа на минус 30 степени Целзиусови, работниците подготвија ледена дупка и поставија загреан шатор во близина.

  • „Ќе им кажеме на луѓето да не излегуваат подолго време и да се стоплат во своите автомобили. Имаме станици за греење. Температурата на воздухот овде е потопла од надвор, околу седум степени. Температурата на водата е шест седум осум степени“, рече Александар Малцев, организатор.

Во Иркутск, со температури од минус 32 степени Целзиусови, верниците учествуваа во вежби за загревање пред ноќното потопување.

Во Екатеринбург, базени за крштевање беа инсталирани во голем шатор за да се спречи хипотермија.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Таткото на Меланија е хоспитализиран во Демир Хисар, се чека судско решение за понатамошниот третман

Igor Trajkov

Дизелот поскапува за 5,5 денари, се зголемува цената и на бензините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе