Вести Најважни Свет

Потпретседателката на собранието поднесе предлог за излегување од НАТО – Франција на крстосница

Во Франција за првпат е поднесен парламентарен предлог кој повикува на повлекување на земјата од НАТО. Иницијативата ја поднесе потпретседателката на Народното собрание и членка на левичарската „Непокорена Франција“, Клеманс Гете.

Резолуцијата бара раскинување со Алијансата и доаѓа во момент на растечки сомнежи во улогата  на САД и насоките на европската безбедносна политика, пренесува „Берлинер цајтунг“.

Гете наведе дека политиката на САД, вклучително и „незаконското киднапирање на претседателот на Венецуела, заканите кон Гренланд, санкциите кон европски официјални претставници и наметнување на трговски договори, покажува дека Содинетите Американски Држави „ефикасно ѝ доделуваат статис на вазалска држава на Европската Унија“.

Таа смета дека членството на Франција во НАТО ја изложува земјата на стратешки ризик и би можело да ја вовлече во конфликти кои не се во рамки на нејзините интереси.

Според Гете, излегувањето од НАТО би овозможило на Франција да ја вратои сопствената воена и дипломатска независност, да стане неврзана сила и, благодарение на сопстевното нуклеарно одвраќање, самостојно да ја брани својата територија.

Политичкиот контекст покажува дека такво сценарио не е невозможно – левичарскиот сојуз ЛФИ ја има најсилната франција во Народното собрани, додека десничарскиот „Национален собирање“ на Марин ле Пен, исто така, е со критички став кон Алијансата.

Претседателот Емануел Макрон во повеќе наврати изрази сомнежи за правецот на НАТО, предупредувајќи на заканите од Вашингтон, особено во врска со Гренланд. Во 2019 година дури ја опиша Алијансата како „мозочно мртва“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе