Вести Култура Македонија Топ вести

Неговиот гласот нè водеше во светот по она за кое копнеевме како деца – комеморација за Драган Б. Костиќ

Гласот кој со децении го слушавме во емисијата „Диско селектор“ на брановите на Македонското радио, тој енергичен глас на доајенот на радиоводителството, музички новинар и диџеј, Драган Б. Костиќ, стивна на 20 декември минатата година. Но, остануваат сеќавањата за човекот чии радио емисии, меѓу кои се и „Кавервил“, „Чартфајл“ и „Заборави ако можеш“, за генерации слушатели значеа информација, едукација и забава во полето на домашната и странската популарна музика. Тој милозвучен глас нè водеше во светот по она за кое како деца копнеевме, кажа водителот Антонио Димитриевски на комеморацијата по повод смртта на Драган Б. Костиќ.

„Кога бев детенце, со транзисторот на уво за да слушам „Диско селектор“. Да ги слушам најубавите песни, да го слушам оној милозвучен глас кој нè водеше во светот по она за кое како деца копнеевме. И ние да бидеме еден ден таму некаде на сцената со музичарите“, рече Димитриевски.

Со Драган „Титаник“ заживеал, кажа неговиот пријател и колега, поранешниот диџеј Бранислав Димитриевиќ. Тој со Костиќ девет години заедно пуштале музика во диско клубот „Турист“, на покана на Григор Копров.

„Јас кога влегов во клубот велам „Што е ова?“ – Ова е „Титаник“ кој тоне. Драган вели „Не се секирај, јас сум до тебе“. Некаде тоа беше септември, така се почнуваше. И некаде во октомври беше преполно диското“, раскажа Бранислав Димитриевиќ, поранешен диџеј во „Турист“.

Драган Б. Костиќ одигра важна улога и како промотор на македонските бендови од 80-тите години на 20-от век. Не ретко присуствувал на нивни проби, а една пејачот Дарио Панковски ќе ја памети цел живот.

„Јас во мојата 45-годишна кариера двапати сум има најголема трема во животот. Не се концертите, не се било какви концерти. Првиот пат беше кога дојде Драган да нè слушне во гимназијата „Никола Карев“, – триото „Бонтон“ во 1980 година. Јас не знаев како се викам. Се тресев од страв, од трема. Вториот пат е сега“, изјави пејачот Дарио Панковски.

По секој говор аплауз и отворена книга на жалост во која се потпишаа присутните на комеморацијата. Драган Б. Костиќ почина на 75 годишна возраст, по кратко боледување.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе