Вести Македонија

Приведен кумановец- со возило удрил и нападнал полицаец, па се обидел да побегне

Лишено од слобода лице од кумановско, не почитувал наредба, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник, а се обидел и да побегне, соопштуваат од МВР и најавуваат соодветна пријава.

  • На 14.01.2026 во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28) од с.Романовце. Околу 22:30 часот во с.Отља, липковско, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење. Во близина на село Романовце тој застанал, го напуштил возилото и почнал да бега, по што еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Набргу е стигнат и фатен, при што пружал отпор и физички нападнал полициски службеник, соопштуваат од МВР.

С.Ч. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 загинати и 19 исчезнати во голем шумски пожар во Шпанија

Дејан Дејан

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Девојче од Кавадарци почина по пад од лулашка во Гостивар, обвинителство нареди обдукција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе