Вести Македонија Топ вести

Штип е лидер по трошоците за новогодишно украсување – анализа на центарот за цивилни комуникации

Општина Штип потрошила најмногу за новогодишно украсување во 2025 година, над 81.000 евра, што изнесува 111 денари по жител, додека Градот Скопје и шест скопски општини заедно издвоиле 285.000 евра или само 8 денари по жител, се вели во анализата на Центарот за цивилни комуникации (ЦЦК).

Од таму велат дека дури 78% од тендерите ги добила една иста фирма, „Линк Медиа Плус“, а 81% од постапките се спроведени без конкуренција, со само една доставена понуда. Ова го доведува во прашање реалното ниво на трошоци за украсување, анализира ЦЦК.

Во текстот стои и дека повеќето договори се склучени во декември, само неколку дена пред новата година, што сериозно го ограничува учеството на други фирми и ги фаворизира претходно ангажираните добавувачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државата ги продава становите на Груевски по вртоглави цени, му ги конфискува со „Плацеви на Водно“

Дејан Дејан

Нов закон за финансиски лизинг – подобри услови за корисниците и поголема контрола на лизинг компаниите

Mirjana Joveska

За 30 отсто помалку одобренија за згради во Скопје – го спласнаа ли високите цени интересот за квадрат во главниот град?

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе