Вести Македонија Топ вести

Разговори за реформските закони, укинување на техничката влада – почна лидерската средба во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратениците почна лидерската средба што ја иницираше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Покрај Мицкоски, од коалициските партнери во Владата присуствуваат и ЗНАМ претставено од генералниот секретар и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ. Од опозициските пратенички групи присутни се лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој го одби повикот на Мицкоски, не дојде на средбата.

Како што е најавено, на лидерската средба ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.

Премиерот Христијан Мицкоски на 7 јануари најави дека ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, а теми, како што рече, би биле консензус за реформските закони и укинување на техничката влада. За клучните прашања за државата, Мицкоски истакна дека очекува консензус од лидерствата на сите парламентарни коалиции, како и дека дневниот ред може да биде проширен и дополнет од страна на другите.  

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на 8 јануари го одби повикот за лидерска средба за укинување на техничката влада, обвинувајќи дека Мицкоски „бара алиби за распишување предвремени избори“. Според Филипчe, техничката влада мора да остане зашто била гарант за фер избори и контролен механизам за да се спречи злупотреба на институциите. За реформската агенда, пак, рече дека дискусијата за законите ќе се води во парламентот каде што СДСМ ќе ги поддржи сите. Додаде и дека СДСМ во секој случај ќе учествува на парламентарни избори, ако бидат распишани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државата ги продава становите на Груевски по вртоглави цени, му ги конфискува со „Плацеви на Водно“

Дејан Дејан

Нов закон за финансиски лизинг – подобри услови за корисниците и поголема контрола на лизинг компаниите

Mirjana Joveska

За 30 отсто помалку одобренија за згради во Скопје – го спласнаа ли високите цени интересот за квадрат во главниот град?

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе