Вести Македонија Топ вести

Продолжен притворот за Стафа, адвокатот на „Ѓаволот“ кој му дал 50 илјади евра за домашен притвор

Поранешниот народен правобранител и адвокат Фехми Стафа останува во притвор во кумановскиот затвор во Кшање. Судот му го продолжи за уште еден месец во истрагата во која обвинителството за гонење на организиран криминал спомнува и мито за еден апелационен судија во Скопје.

Стафа му беше адвокат на бегалецот Љупчо Пецов Ѓаволот и е осомничен затоа што му барал 50 илјади евра за да му „среди“ замена на затворскиот со домашен притвор додека тој е во бегство.

Сестрата на Пецов Ѓаволот во октомври му дала 30 илјада евра, а на 13-ти декември Стафа во стан на Водно добил уште 20 илјади евра по што при спуштање кон Скопје е уапсен.

Истовремено поради можни закани и влијанија врз сведоците, како и поради здравствена состојба, судот по барање на обвинителството на Пецов му определи домашен притвор иако повеќе од две години беше во бегство поради сомнежи за даночно затајување.

Додека бегал од правдата, Пецов на државата си ја платил сумата за наводно даночно затајување, а судот му определи и 24-часовна полициска заштита во домот каде ја издржува определената мерка.

Според сознанијата кои беа објавени на КОД на Телма, меѓу доказите во истрагата за Стафа има и аудио записи на кои се слушало име на аплеционен судија кој наводно требал „да го среди“ домашниот притвор за бегалецот.

Но, истрагата за Стафа трае и досега се уште нема проширување за судијата на кого обвинителството во првото соопштение му испрати порака дека се сомнева дека парите за Стафа биле наменети за него.

Истрагата засега е само за „барање награда за противзаконито влијание“, кривично дело кое му се става на товар на Стафа кој пак бил адвокат на бегалецот Љупчо Пецов Ѓаволот. Нема други опфатени лица иако во предистрагата се проверуваат сите сомнежи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државата ги продава становите на Груевски по вртоглави цени, му ги конфискува со „Плацеви на Водно“

Дејан Дејан

Нов закон за финансиски лизинг – подобри услови за корисниците и поголема контрола на лизинг компаниите

Mirjana Joveska

За 30 отсто помалку одобренија за згради во Скопје – го спласнаа ли високите цени интересот за квадрат во главниот град?

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе