Вести Македонија

Земјоделските посеви во дел од Пелагонија веќе петти ден се под вода

Земјоделските посеви во дел од Пелагонија веќе петти ден се под вода. Утрово, ниските температури ги замрзнаа површините под жито и други култури. Најкритична е состојбата во пограничната зона, каде што водата делумно се повлекува, но сè уште има поплавени површини.

Поплавите се предизвикани од излевање на реките и од високите подземни води. Жителите реагираат дека каналите не се целосно исчистени. Од јавното водостопанско претпријатие  „Битолско Поле“, како главен проблем ги посочуваат нерегулираните речни корита со поделени надлежности меѓу институциите, додека примарната каналска мрежа, според нив, е во добра состојба.

Екипите на претпријатието и денеска се излезени на терен и ги чистат каналите, со апел до граѓаните да не фрлаат отпад кој го отежнува протокот на водата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе