Вести Свет Топ вести

Трамп во интервју за „Њујорк тајмс“: Путин сака крај на војната, Зеленски кочи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави оти верува дека рускиот лидер Владимир Путин сака да ја заврпи војната во Украина, истакнувајќи дека постои простор за договор меѓу Москва и Вашингтон.

Во интервју за „Њујорк тајмс“, Трамп наведе дека, според негова проценка, Путин тежнее кон постигнување на договор.

„Мислам дека сака да постигне договор“, рече претседателот на САД.

Според Трамп, во повеќе наврати постоеле ситуации во кои се било подготвено за договор, но украинскиот претседател Володимир Зеленски не бил подготвен да го прифати. Американскот претседател додаде дека таквиот развој на настаните го изненадил.

Трамп истакна надеж дека во блиска иднина ќе биде постигнат договор со Русија за решавање на украинската војна. Истовремено порача дека со членови на американскиот Конгрес разговарал за можноста за заострување на санкциите кон Русија, во случај да не дојде до исчекор кон политичко решение на кризата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе