Швајцарските обвинители денеска соопштија дека е одреден притвор за еден од двајцата сопственици на барот во ски-центарот Кран-Монтана, кој изгоре во новогодишната ноќ, при што загинаа 40 лица.
Обвинителството води истрага против сопствениците на барот „Ле Констеласион“, француските државјани Жак и Џесика Морети, под сомнение за сторени кривични дела кои вклучуваат убиство од небрежност.
Притворот за Жак Морети е одреден поради опасност од бегство, откако семејствата на жртвите поднесоа тужби против сопствениците.
Повеќе од половината загинати во пожарот се тинејџери, а дополнителни 116 лица се повредени, од кои многумина сѐ уште се во тешка состојба.
