Вести Свет Топ вести

Кошта: Проширувањето на ЕУ кон Украина, Молдавија и Западниот Балкан е клучно за нејзино зајакнување

Во овој мултиполарен свет, проширена Европска Унија (ЕУ) значи посилна, побезбедна и помирна Европа и дома и во странство, па затоа следното проширување кон Украина, кон Молдавија и кон Западниот Балкан е клучно за зајакнување на нашата Унија како геополитички играч, изјави претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на свеченоста во Никозија, по повод стартот на кипарското претседавање со Советот на ЕУ во првите шест месеци од 2026 година.

„За да го направиме проширувањето реалност, мора да дејствуваме на два фронта истовремено. Прво, треба да продолжиме со реформите во земјите кандидатки. Второ, Европската Унија мора да се подготви да прифати нови членови“, рече Кошта.

Според него, во контекст на тековните мировни преговори во Украина, напредокот во проширувањето е особено итен во следните месеци, со цел да се одрази импресивното темпо на реформите од страна на Киев.
„Но, 2026 година е важна и за пристапувањето на Молдавија и партнерите од Западниот Балкан. Црна Гора, на пример, во следните 12 месеци може ги заврши пристапни преговори и се надеваме дека изготвувањето на нивниот договор за пристапување може да започне многу наскоро, за време на вашето претседателство“, истакна Кошта.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе