Европската Унија повика на смирување на тензиите и на воздржаност на сите актери во Венецуела во изјава што ја поддржаа 26 од 27 земји членки. Единствена која не стави потпис на изјавата е Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан е близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Европската Унија ги повикува сите актери на смиреност и воздржаност за да се избегне ескалација и да се осигура мирно решение на кризата. Европската Унија потсетува дека под сите околности мора да се почитуваат начелата на меѓународното право и Повелбата на Обединетите Нации. Членките на Советот за безбедност на Обединетите Нации имаат посебна одговорност за почитување на тие начела, како столбови на меѓународната безбедносна архитектура. Европската Унија во повеќе наврати порача дека Николас Мадуро нема легитимитет на демократгски избран претседател и се залага за мирна транзиција во демократија под водство на Венецуела, почитувајќи го нејзиниот суверенитет. Правото на народот на Венецуела за одредување на сопствената иднина мора да се почитува. Европската Унија го дели приоритетот за борба против транснационалниот организиран криминал и трговија со дрога кои претставуваат значајна безбедносна закана ширум светот. Истовремено, Европската Унија нагласува дека тие предизвици мора да се решаваат со одржлива соработка и со целосно почитување на меѓународното право и начелата на територијален интегритет и суверенитет“, се наведува во изјавата на ЕУ.
