Во декември 2025 година, Транспаренси Интернешнл-Македонија забележа сериозни случаи на корупција и нерегуларности во работењето на институциите.
Меѓу најсериозните случаи е поранешниот државен правобранител кој примил 50.000 евра за да влијае врз судија во Апелациониот суд.
Исто така, ревизорите открија финансиски неправилности во Фондот за иновации и технолошки развој, Државната лотарија и Министерството за економија и труд, со неуплатени милиони евра и пропусти во управувањето.
Проблеми се забележани и во институциите за контрола и транспарентност.
Омбудсманот е во дисфункција поради тоа што на претходниот му истече мандатот а нов се уште не е избран, а над 50 градоначалници не поднеле имотни листови.
Истражувањата на Транспаренси покажуваат и концентрирано влијание на неколку компании во здравствените тендери, што ја намалува конкуренцијата и ја зголемува ризичноста од корупција.
Сепак, во извештајот издвоени се и позитивни активности.
Управниот суд воведе нов дигитален систем за поефикасно судство, а Јавното обвинителство поднесе обвинение против поранешни директори за загрозување на животната средина.
Исто така, на граничниот премин Ќафасан беа уапсени лица за обид за поткуп, што покажува дека институциите преземаат конкретни чекори против корупцијата.
Б.С.
