Вести Македонија Топ вести

Фирма на советник од ЗНАМ чистач на ѓубре во Пошти, СДСМ обвинува за корупција- од ЗНАМ со реакција

Фирма на советник во советот на Кисела Вода од ЗНАМ ќе ги чисти просториите на државните пошти. СДСМ денеска обвини дека без да ги исполни условите фирмата на Сашо Петровски добила тендер тежок 1,2 милиони евра.

Договорот меѓу фирмата БС Клининг  и пошти е склучен на 15 октомври годинава а како сопственик тогаш се јавувал извесен Горан Дивлев. Но еден месец подоцна фирмата ја презема советникот на ЗНАМ Петровски.

  • „Фирма без работници, без претходно реализирани договори, без искуство. Во моментот на аплицирање, оваа фирма не ги исполнувала основните услови наведени во тендерската документација. Немала минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немала најмалку 50 вработени, не остварувала годишен приход од најмалку 100.000 евра во последните три години. Па дури и немале техничка опрема. И покрај овие недостатоци, фирмата сепак била избрана. Како?“, вели Рената Младеновска од СДСМ.

Од ЗНАМ не гледаат ништо спорно во добивањето на тендерот, бидејќи нивниот советник како што велат со години е во овој бизнис. Ако се погледне историјатот на Петровски на дата базата бизнис мрежа може да се види дека тој се јавувал како сопственик и во фирмата техно чист се до мај годинава.

И оваа фирма која претходно била негова сопственост учествувала на истиот тендер, но го добила сегашната негова фирма БС клининг. Клининг на Петровски до сега има земено само еден тендер, односно овој од Пошти.

Подизведувач на работите пак ќе биде фирмата Серта која на јавноста и е позната дека ги добиваше милионските тендери за чистење на државните згради. Сега пак на СДСМ им е сомнително тоа што советникот до владеачкото мнозинство е добитник на тендер.

  • „Како фирмата да била основана исклучиво за да го добие тендерот. Сопственикот се менува непосредно по изборот на тендерот. Но, извесен Сашо Петровски е советник од ЗНАМ во Општина Кисела Вода. Дали е истото лице што мислите? Фирма поврзата со ЗНАМ.ВМРО и ЗНАМ си делат милионски тендери додека нема пари за плати и пензии, нема за минимална плата“, вели Младеновска.

ЗНАМ повикаа доколку има нешто сомнително институциите да постапат во случајот, ико ти не гледаат ништо спорно во ова. Акционерското друштво „Пошта на Северна Македонија“ пак е едно од двете најголеми компании загубари во државна сопственост.

Од лани летото, функцијата генерален директор на АД „Пошта“ ја презеде Орхан Куртиши кој беше  шеф на огранокот на Алтернатива во Куманово, која, пак, е дел од коалицијата ВРЕДИ, партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Претходно државните ревизори открија неправилности во друштвото кога во 2023 година Пошта на тендер избра фирма за чистење на која ѝ плати 1,2 милиони евра и ја ангажираше за одржување за период од две години.

Билјана Николовска

Реакција од ЗНАМ

Во врска со дeнешната прес конференција на СДСМ, а во однос на тендерската постапка на хигиеничарски услуги во ЈП Македонски пошти, сакаме да ја информираме јавноста дека Движењето ЗНАМ за наша Македонија нема никакво партиско-политичко влијание во ниту една ваква постапка.

Точно е дека господинот Сашо Петровски беше носител на советничката листа за општина Кисела Вода, но не е носител на било каква партиска функција.

Од ЗНАМ велат дека тој е приватен стопснтвеник кој долги години се занимава со бизнис за одржување на хигиеничарски услуги во приватниот сектор и во минатото има сериозно професионално портфолио во оваа сфера во одржувањето на приватни компании, но и државни институции.

Од движењето истакнуваат дека не сакаат да навлегуваме во материјална дискусија, доколку било кој надлежен орган утврди било каков конфликт на интерес, прекршување на постапката или прекршување на законите, ги повикуваме надлежните да постапат согласно законската норматива.

ЗНАМ се оградува од било каква инволвираност во ваквите случаи.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе