Вести Свет Топ вести

Силен руски напад на Киев, мировните разговори продолжуваат утре

Сирените за напад од воздух ги разбудија Украинците во главниот град уште рано изутрина. Новогодишните светилки на искршените прозорци продолжија ја трепкаат додека пожарникарите го гаснеа огнот предизвикан од нападот на руски балистички летала и ракети. Во Киев рнети се десетина луѓе, а меѓу нив има и деца, уништени се станбени објекти, а засолништата се преполни. Државната енергетска компанија „Укренерго“ воведе итни прекини на електричната енергија по нападите, повеќе 4.000 станбени единици се без греење.

  • Цела ноќ имаше гранатирање, не излеговме. Бевме дома, но се криевме во ходник, а потоа наутро слушнавме експлозија. Прво имаше експлозија во термоцентралата, а потоа имаше посилна експлозија. Прозорците почнаа да се тресат и се удри во нашата куќа – Олена Карпенко, жителка на Киев.

Ракети паѓаа и врз студентскиот центар за воздухопловство во Соломјанскиот округ во Киев. Русија со ракети и дронови ја гаѓање и пристанишната област на Одеса. Русија ги распоредува хиперсоничните балистички ракети Орешник на поранешната воздухопловна база во источна Белорусија. Во текот на изминатите 24 часа собориле околу 500 украински дронови.

Нападот врз Киев се случи во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува за утрешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп за понатамошни разговори во обид да се стави крај на речиси четиригодишната војна. Зеленски рече дека ќе се разговара за безбедносните гаранции и територијални прашања во регионите Донецк и Запорожје.

  • „Да бидам искрен, планот од 20 точки на кој работевме е 90% готов. Нашата задача е да се осигураме дека сè е 100% готово. Не е лесно. И никој не вели дека ќе биде 100% готово веднаш. Но, сепак, мора да го доближиме посакуваниот резултат со секоја таква средба, со секој таков разговор“ – Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Најавената средба е резултата на интензивните дипломатски напори предводен од САД, но напорите наидоа на остро спротивставени барања од Москва и Киев. Руската страна е децидна – дијалогот продолжува.

  • „Откако Кирил Дмитриев го извести претседателот за резултатите од неговото патување во Америка и неговите контакти со Американците, оваа информација беше анализирана, а по налог на претседател Путин, беше остварен контакт меѓу претставници на руската и американската администрација. Беше договорено да продолжи дијалогот“ – Дмитриј Песков, портпарол на Путин.

Песков не одговори за какви документи станува збор, како Кремљ ги оценува и на кое ниво се случиле овие контакти, бидејќи како што рече тоа може негативно да влијае на текот на преговарачкиот процес. Официјална Москва синоќа објави дека планот од 20 точки што го објави Украина, а беше договорен со САД „радикално се разликува“ од договорите постигнати меѓу Вашингтон и Москва.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон претнеиците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе