Конфедерацијата на синдикални организации обвинува дека Министерството за правда задкулисно и без вклучување на јавноста и граѓанските организации подготвува измени во Законот за извршување.
Доколку не се реши проблемот, синдикатот најавува протести пред ресорното министерство.
Од Министерството за правда пак ги негираат тврдењата на Конфедерацијата на синдикални организации и велат дека неосновани се тврдењата дека Предлог законот за извршување се носи зад затворени врати.
- „Сите закони во Министерството за правда се подготвуваат низ јавен и транспарентен процес, со навремено информирање за нивниот статус. За Предлог законот за извршување беше формирана мултисекторска работна група, а процесот на изготвување на текстот е при крај. По неговата подготовка Предлог законот за извршување ќе биде објавен на ЕНЕР каде сите ќе имаат можност да го разгледаат, да дадат коментари, предлози и сугестии“, велат од Министерството за правда.
Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
