На една од првите наредни седници во текот на јануари, ќе го ставиме Кривичниот законик како точка на дневниот ред, вели во интервју за МИА, собранискиот спикер Африм Гаши.
Според него тој закон е донесен во редовна постапка, зашто е добро да имаме повеќе време, неколку дена е доставен до пратениците во Собранието.
- Ние го отвораме за јавност. Кога ќе се свика Комисијата пред првото читање, ќе имаат можност и во Комисијата да расправаат веќе за промените, па потоа во прво читање, во второ читање, ќе имаме време и за јавни дебати, за експертската јавност. Така што, тоа е тоа за што и предмалку зборев за можноста за носење на еден закон во поквалитетна форма. Редовната постапка е најдобриот начин да се дојде до таа форма. Јас сум убеден дека ќе го донесеме, ќе ги донесеме тие измени и ќе се вратиме на траката каде што државата порано беше, а се надевам дека ќе треба да навлеземе многу сериозно во реформите во правосудството, затоа што навистина перцепција на сите граѓани е дека тука треба да биде фокусот во 2026 година. Еве имаме, после оставката на јавниот обвинител, ќе имаме можност и во тој дел да имаме реформа. Имаме нов закон за Судскиот совет така што, веќе се гледаат првите битни работи кои можат да донесат клучни промени во правосудниот систем, рече Гаши.
Целосното интервју можете да го погледнете во видеото подолу
Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
