Откако советот на Град Скопје едногласно ја поддржа дислокацијата на фабриката Усје. Oд иницијативата Зелен Хуман пишуваат дека првпат во историјата на Скопје политичките групи застанаа рабо до рамо со граѓаните за да се реши голем пробле.
-Прв пат во историјата на Скопје успеавме да ги обединиме сите политички групи во Советот да застанат рамо до рамо со скопјани и јасно и цврсто во еден глас да речат УСЈЕ НАДВОР ОД СКОПЈЕ!Во рамки на заклучоците, општините во составот на Град Скопје ќе ги земат предвид наодите од инспекциите при изработка на урбанистички планови и ДУПовите, со цел да се обезбеди одржлив и одговорен пристап кон планирањето и заштитата на животната средина. Советот исто така го задолжи градоначалникот да се обрати до Владата на РМ за разгледување на постапката за целосна дислокација на „Усје“ и други големи индустриски загадувачи надвор од скопската котлина, во согласност со Законот за животна средина и Просторниот план на државата, пишуваат од Зелен Хуман Град.
