Вести Македонија Топ вести

Полицискиот службеник бил уапсен непосредно по примопредавање на пари

Полициски службеник од Одделението за криминалистички работи Гази Баба е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„По претходна пријава од граѓанин, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР спровел мерки и активности за расчистување на случајот. Според пријавата, Х.З. (48), заедно со други лица, во повеќе наврати барал 20.000 евра, тврдејќи дека парите биле земени од синот на пријавителот“, соопштуваат од МВР.

На 25 декември 2025 година, на подрачјето на Општина Центар, полицискиот службеник бил уапсен непосредно по примопредавање на парите. При извршен претрес кај него биле пронајдени 20 апоени од по 50 евра.

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против Х.З. по член 258 од Кривичниот законик – „изнуда“. Одделот за внатрешна контрола најави и поведување дисциплинска постапка, со задолжителна мерка – отстранување од работното место до нејзино завршување. Судија на претходна постапка на осомничениот му определил мерки на претпазливост.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе