Вести Македонија Топ вести

Филипче ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ја уриваат СДСМ одвнатре

Јавните реакции на поранешни високи функционери на СДСМ против актуелното раководство, според претседателот на партијата, Венко Филипче, се организирани и финансирани од ВМРО-ДПМНЕ и доаѓаат во време кога новиот тим почна со објавување на т.н. „бомби 2.0“ за разоткривање на коруптивни случаи на актуелната власт.

Тврди дека, на платформата што ја отворија, секојдневно добиваат по стотици документи и пријави од граѓани кои ќе бидат поднесени до соодветните институции и затоа е обидот да се прикаже уривање на партијата од внатре.

  • „Наши поранешни функционери, еден поранешен функционер, други двајца, претходно едниот којшто не се појавил во јавноста со години, некои луѓе коишто не се веќе во партијата, туку заминале во предавничката ЗНАМ, сега наеднаш во овој момент излегуваат и се активираат и се гласни на јавните мрежи. Логично се наметнува прашањето зошто овие појави не постоеле во изминатиот период, туку се случуваат токму сега?Тоа што во меѓувреме го дознавме е дека сето ова е организирано од ВМРО-ДПМНЕ, тие се налогодавачи и финансиери”, рече Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Оваа тема се актуелизираше откако по конституирањето на новиот Извршен одбор на партијата,  ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, преку објава на социјалните мрежи побара оставка од Филипче, а со коментари се јавија и други поранешни партиски функционери.

Екс-градоначалникот на скопски Центар,Саша Богдановиќ, пак, ги критикуваше  прес конференциите на СДСМ, велејќи дека се како да ги пишува некој задоеник со усташка НДХ идеологија, а тие му вратија дека се продал на предавничката ЗНАМ.

На денешната средба со новинарите, Филипче рече и дека, на некои членови им пречи тоа што млади лица ги преземаат раководните функции, особено оние што се дел од т.н. антикорупциски тим, но, секој мора и треба да добие шанса.

На прашањето, дали контактира со избеганите лица од СДСМ, обвинети за криминал, одговори дека нема никаков контакт со Васко Ковачевски, директорот на „Електрани“, кој е во бегство и се бара со меѓународна потерница откако беше осомничен, а потоа и обвинет во случајот „Адитив“.

Смета дека, секој, за кого има некаков сомнеж, треба да се врати во државата и да се соочи со институциите, вклучително и Груевски.

Далиборка Демјанска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе