Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ во Кочани тврдат дека обдукциските наоди за причините за смрт се нецелосни и дека недостига конкретна токсиколошка анализа за цијанидни гасови.
Според нив, иако институциите признаваат можност за присуство на цијанид, во официјалните наоди како причина за смрт е наведено само труење со јаглерод моноксид.
Тие бараат дополнително и независно вештачење, додека денеска во Идризово продолжува судскиот процес за трагедијата во која загинаа 63 лица.
Денешното рочиште го следи новинарката Елена Ивановска Мукоска
