Досегашните резултати од проектот „Безбеден град“ се многу позитивни и оти за 20 проценти е намален бројот повредени од сообраќајќи, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната собраниска седница за пратенички прашања. Тошковски кажа дека, иако граѓаните знаат дека нема да има казни во овој период, туку само опомена без ефективна реализација, го забавиле управувањето на моторните возила, а тоа пак довело до резултат којшто „на крајот го гледаме како намалување на пациенти на Клиника за трауматологија“.
„Резултатите коишто досега се увидени и тоа како се позитивни. Огромна благодарност до македонските граѓани заради тоа што тие се тие кои спасија човечки животи во изминатиот период, имајќи го предвид намалувањето на бројките што како тешки случаи се пристигнати во рамки на Клиничкиот центар во Клиниката за трауматологија. Согласно информациите што ги имам добиено за овој временски период во споредба со претходниот временски период. За околу 20 проценти е намален вкупниот број на третирани пациенти во рамки на оваа клиника, што е и тоа како е многу добар предзнак за резултатот којшто треба да го даде имплементирањето на овој проект“, рече Тошковски.
Меѓу позитивните резултати од овој проект, според Тошковски, ќе бидат и трошоците за сторени сообраќајни незгоди.
„Зошто? – Заради тоа што трошоците што ги чинат македонските граѓани, имајќи ги предвид сите оние трошоци што произлегуваат од сторени сообраќајни незгоди согласно една експертиза на стручњаци која што јас имав прилика да ја видам изминатиов период се во 2023 година, биле некаде околу 400 милиони евра. Тоа е една средна анализа на земени трошоци согласно две методологии коишто се применети. Во едната методологија анализата е мислам дека некаде околу 450 милиони евра, во 2023 во другата негде отприлика 380 средна вредност негде околу 410 милиони евра трошоци настанати како последица на сообраќајни незгоди во 2023 година во Македонија“, рече Тошковски.
Според него, тоа е една катастрофална вкупна сума која што македонските граѓани ја издвојуваат за да ги подмират овие трошоци што настануваат како последица на непочитување на сообраќајни правила.
До средината на 2026 година системот „Безбеден град“ треба да се стави во функција во сите градови во земјата.
