Вести Македонија Топ вести

Поради неисполонување на хигиенски услови, АХВ затвори 9 новогодишни куќарки во струшката чаршија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведе вонреден инспекциски надзор во 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови. На угостителите  им се изречени парични казни по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.

Со контролатата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градскатата водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено – санитарни прегледи, а не се почитувале ниту правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса.

Решенијата за времена забрана на вршење на дејност ќе останат на сила се до исполнување на потребните услови за работа, оопштуваат од АХВ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На плажа во Дојран пронајдена и отстранета артилериска граната од Првата светска војна

Tea Dimkovska

САД повторно го нападна Иран иако беше најавено дека ќе имаат билатерална средба

Tea Dimkovska

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе