Владата на седница одлучи да набави 100 нови амбулантни возила, со вкупна вредност од 7,5 милиони евра.
Оваа информација на својот фејсбук профил ја објави Министерот за здравство, Азир Алиу, кој меѓу другото истакна дека ова ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи и подобра покриеност на урбаните и руралните подрачја.
Покрај набавката на возила, Владата ја запиша паркинг-локацијата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ како државно земјиште.
Тоа ќе овозможи потпишување договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје“ и модернизација на капацитетите за паркирање, со комплетен мониторинг, дигитални водичи и информативни табли за посетителите. Министерот Алиу нагласува дека целта е пациентите и вработените да имаат безбеден, функционален и организиран пристап до комплексот клиники, додека новите амбулантни возила ќе ја подобрат итната здравствена услуга низ целата држава.
