Вести Македонија Топ вести

Нови четири случаи за сомнеж за евентуално непотребни операции

За четири месеци до надлежните институции пристигнале 30 досиеја за извршени кардиолошки и кардиохируршки интервенции од кои 4 се пристигнати месецов.

Додека се истражуваат сомнежите за евентуално непотребни операции, граѓаните доставуваат претставки, но и изразуваат дилеми дали и самите биле подложени на хируршки зафат без реална медицинска потреба.

Сомнителните случаи и медицинските картони веќе го поминаа првиот филтер на домашниот стручeн тим, додека странските експерти допрва треба да бидат вклучени на онлајн состанок, на кој ќе им бидат презентирани наодите.

Се отвора и поширока дилема, дали на пациенти во терминална фаза воопшто требало да им се даваат скапи третмани кои ништо не можеле да помогнат.

  • „Оправданост во однос на очекуваните резултати дел од интервенции кои се екстремно скапи а не би требало да се вршат кај пациенти каде што освен палијативни мерки, третмани, не може ништо повеќе да се направи. Дека се исрцпени здраворазумските третмани“, вели Сашо Клековски, директор на ФЗОМ .

Случајот со сомнителни операции пред четири месеци го отвори кардиологот Сашко Кедев кој обвини дека приватни болници непотребно оперирале само за профит. Министерството за здравство формираше домашна комисија која ги истражува претставките, а се чека странската  три члена комисија од Словенија, Австрија и и Италија да го даде конечниот збор и да открие дали имало или не непотребно извршени кардиолошки или кардиохирурпки операции.

Симона Петровска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе