Вести Македонија Топ вести

Драматична состојба во Народниот правобранител, вработените ќе останат без плата и со апел до Собранието и јавноста да избере нов Омбудсман кој е закочен поради Бадентер

Вработените во Народниот правобранител јавно апелираат за безизлезната состојба во која се наоѓа институцијата.

-Подолг временски период, институцијата Народен правобранител се наоѓа во ситуација во која и е оневозможено нејзиното функционирање, како во однос на нејзината надлежност за промоција и заштита на човековите слободи и права, така и за исполнување на нејзините обврски пред домашни и меѓународни институции и тела, надлежности кои и се дадени со Уставот на Република Северна Македонија и Законот за народниот правобранител. Исто така, Институцијата се соочува и со проблеми во врска со непреченото остварување на правата на вработените, стои во апелот на вработените во институцијата Народен Правобранител.

На почетокот на годината истекува потписот во трезор на актуелниот заменик кој ги извршува потпишувањата на дел од документите на место на Народниот правобранител. Во институцијата има 80-тина вработени, државата не им ги исплати додатоците по колективен договор, а канцелариите се соочуваат со иселување бидејќи нема доволно пари за кирии кои не биле предвидени со државниот буџет. Прашањето на вработените е дали на државата и треба институцијата или не бидејќи без избор на нов Омбудсман тие од јануари нема да може да добиваат плати и придонеси.

-Со овој допис сакаме да ја запознаеме целата македонска и поширока јавност од дипломатските претставништва во државата и странските мисии за состојбата во која се наоѓаат вработените во Народниот правобранител кои во моментот не може да остварат многу од своите права од работен однос, а од јануари 2026-та година, веројатно нема да земаат ни личен доход, со што ќе престане да се уплаќаат редовните уплати за социјално и здравствено, но и за пензиско  осигурување. Поради, ова се запрашуваме дали државата има потреба од ваква институција или не, велат во дописот до јавноста вработените во Народниот правобранител.

Од институцијата на 11.12.2025. испратиле итен допис до Собранието и до Комисијата за избори и именувања, но не добиле никаков одговор. Претходниот Народен правобранител Насер Зибери на 12-ти јули замина во пензија и автоматски му престана мандатот бидејќи претходно не беа изгласани соодветните законски измени.

Комисијата за избори и именувања во Собранието, на крајот на јули за нов Народен правобранител го предложи Фатон Селами, тогашен советник во општина Тетово од редовите на партијата Алтернатива, од која е и претседателот на Собранието, Африм Гаши. Но, за Селами не се гласаше бидејќи не беше обезбедено Бадентерово мнозинство кое е во рацете на Европскиот Фронт и ДУИ.

Во писмото кое е доставено до Собранието, а нема одговор, се наведува дека институцијата се соочува со ѝнеможност за функционирање.

-Освен фактот дека нема официјален раководител на субјектот кој би можел да ги потпише посочените документи, а последователно, ниту завршната сметка за 2025 година, акутен проблем во моментот е тоа што на заменикот му истекува и овластувањето стекнато врз основа на горецитираното решение за давање овластување. Со тоа, од 01.01.2026 година, доколку не биде избран нов народен правобранител, институцијата стапува во фаза на тотална блокада во која пред сѐ, најмногу ќе биде оштетена самата служба на Институцијата за заштита на човековите права, со статус Б, во Република Северна Македонија, преку неможноста да и биде исплатена плата и основни придонеси од редовниот работен однос, стои во дописот до Собранието.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На плажа во Дојран пронајдена и отстранета артилериска граната од Првата светска војна

Tea Dimkovska

САД повторно го нападна Иран иако беше најавено дека ќе имаат билатерална средба

Tea Dimkovska

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе