Електричната енергија, за најголем дел од домаќинствата, ќе поскапи за 2,28 отсто, што во просек значи околу 57 денари повеќе на месечната сметка. Зголемувањето ќе опфати околу 517.000 домаќинства низ државата, информира денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Од таму додаваат дека кај околу 4.400 домаќинства што влегуваат и во четвртиот блок, сметките ќе бидат повисоки и до 900 денари. Истовремено, евтината струја поскапува за 2,5 отсто, што дополнително ќе се одрази кај дел од потрошувачите. На малите потрошувачи им се препорачува да размислат за премин на слободниот пазар, каде струјата во моментов е поевтина за околу 30 отсто во однос на цената кај ЕВН Хоум.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски изјави дека доколку ЕВН Хоум не е задоволна од одлуките, има право на жалба, а предупреди и дека укинувањето на блоковите би значело дополнително поскапување. За кризната состојба се чекаат одлука од владата , а на ЕСМ му се препорачува да продава струја на слободниот пазар за да може да ги намали загубите.
Со оглед на состојбите на пазарите поради геополитичките случувања, од РКЕ сметаат дека цената на струјата е стабилна.
