Вести Свет

Амазон блокира повеќе од 1.800 пријави за работа под сомнение дека се поднесени од севернокорејски агенти

Американската мултинационална компанија Амазон блокира повеќе од 1.800 пријави за работа под сомнение дека се поднесени од севернокорејски агенти.

Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети.

– Нивната цел е обично едноставна: да добијат работа, да бидат платени, а потоа да ги пренасочат заработките за финансирање на програмите за вооружување на режимот, наведе Шмит, додавајќи дека тоа е широко распространета пракса низ цела индустрија, особено во САД.

Американските и јужнокорејските власти претходно предупредија дека оперативците од Пјонгјанг вршат онлајн измами.

Шмит посочи дека Амазон изминатата година забележал речиси една третина повеќе апликации за работа поврзани со севернокорејски државјани.

Тој додаде дека овие оперативци обично работат со луѓе кои управуваат со така наречени „фарми на лаптопи“ или компјутери физички лоцирани во САД, но контролирани од далечина од странство.

Шмит наведе дека Амазон користи комбинација алатки засновани на вештачка интелигенција за проверка на апликантите.

Американските власти во јуни соопштија дека открила 29 „фарми на лаптопи“ нелегално управувани од севернокорејски ИТ работници низ САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе