Овчеполскиот ветар стивна, се спушти маглата во градот, кој со години важеше со најчист воздух. Според мерната станица на лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“, во последните 10 дена во Штип се забележува надминување на 24-часовните концентрации на ПМ честички,
„Во моментот, периодот е интересен со тоа што немаме струење на воздухот, односно се јавува таа инверзија и со појавата на температурната инверзија, топлиот воздух се наоѓа погоре, а ладниот воздух е долу и со тоа маглата го стиска воздухот надолу, со што се создаваат уште повисоки концентрации“, вели Бобан Самарџиски лабораторија „Амбикон“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Според истражувањата на „Амбикон“, сепак, просечната концентрација ПМ честички во градот Штип е многу пониска и во рамки е на дозволените вредности. Како една од главните причини за загадувањето, експертите го посочуваат затоплувањето со дрва и сообраќајот. Дополнително, надминат е прагот на дозволени денови со загадување на воздухот.
Но, експертите од „Амбикон“ велат дека во текот на годината, во Штип просечната концентрација е многу пониска и во рамки е на дозволените вредности. Лекарите во моментов предупредуваат, поради аерозагадувањето непотребно да не се излегува надвор, а доколку за тоа има потреба, да се користат заштитни маски.
Викторија Јованова
