Магазин

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“ (ПР ТЕКСТ)

Новогодишниот период носи посебна атмосфера – време кога сме поблиску едни до други, славиме нови почетоци, истовремено осврнувајќи се на годината што изминува. Во овие празнични денови секогаш го бараме идеалниот подарок што ќе ги израдува нашите најблиски. Вистинската вредност на подарокот се мери со насмевките и среќата што ја носи, па токму затоа овој период е совршен за подарување шанса за среќа.

Шареноликата понуда на инстант лозови на Државна лотарија, во ковертите „Среќа плус“ со разновидни дизајни, наменети како подарок за различни поводи се токму тоа – симболичен гест, којшто во мал коверт носи шанса за големи добивки. Со „Среќа плус“ не подарувате само инстант лоз, подарувате мигови исполнети со надеж, исчекување и можност новата година да започне со убави изненадувања.

Во еден коверт „Среќа плус“ се кријат можности за исполнување на многу новогодишни желби – сопствен стан, автомобил, мотор и големи парични добивки. Инстант лотаријата ја дополнува магијата на празниците, носејќи ја шансата соништата да се претворат во реалност.

Овие празници подарете моменти на среќа на оние што ви значат, затоа што најубавите подароци се оние што носат надеж, радост и верба дека убавите изненадувања се поблиску отколку што мислиме и нѐ потсетуваат дека среќата е насекаде околу нас! (ПР ТЕКСТ)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина актерот Сем Нил, звезда на филмот „Јура парк“

Sasko Dimovski

(фото)„Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име, освен нивните семејства“ – ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучиња

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Шпанските голмани со Вештачка интелигенција (AI) тренираат за Кристијано Роналдо и натпреварите на Светското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе