Од 18.40ч. ГП Евзони е блокиран за сите видови сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ преку соопштение.
На грчкиот премин се пропуштаат само камиони кои останале во меѓуграничниот простор.
Блокадата е поради протестите на грчките земјоделци кои протестираат и блокираат повеќе патни правци. Земјоделските протести траат неколку недели.
На излез од Македонија, на преминот Богородица на камерите кои се пренесуваат 24 часа се гледа дека нема ниту возило кое чека за да премине кон Грција.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
