Досега исплатени над 90 милиони евра од Фондот за здравство за боледувања подолги од 30 дена. Од оваа сума 65, 5 милиони евра се за оние кои заминале на трудничко, останатите пари за лица кои отвориле боледување поради други болести.
Од ФЗО велат дека низ годините се забележува тренд на зголемување на сумата за боледувања. Но, констатирани се и злоупотреби. До фондот пристигнале и барања од државни институции за да направат контроли, најмногувакви барања се од МВР.
-Ова што се гледа во моментов е само врвот на сантата мраз, бидејќи овие 1, 6 милиони евра се само за долгите боледувања, кратките паѓаат на сметка на работодавачот и за нив немаме евиденција. И ако толкава сума се долгите боледувања за кратките можеме да кажеме дека се неклку кратно поголеми изнози затоа што најголем дел од боледувањата се кратки. Да имаме констатирано злоупотреби во системот на боледувања. Одговараме по барање на работодавачи. Најчесто се барањата од МВР, Царина и одбрана, за проверка на долгите боледувња. Станува збор за боледувања во низа долги боледувања и оваа година рекорден за барање на конторла е Министерството за внатрешни работи. Општо познато е дека во јавниот сектор имаме луѓе кои се отсутни со месеци и тоа умешно го покриваат со боледувања кои се со различн дијагнози и различни доктори. Имаме ситуација каде што четири пати е менуван матичниот лекар во различни градови за да се овозможи некое продолжување на подолго боледување, изјави Сашо Клековски – директор на Фонд за здравство.
Најмногу боледувања се регистрирани во источниот регион. Причината за тоа ја лоцираат во видот на индустријата која функциоинира во овој крај. Иста така, забележано е и дека многу од боледувањата се отвораат за да можат да работата втора работа, која обично е од сезонски карактер. Поради тоа Клековски вели дека се јавиваат два проблема. Со едниот се зголемуваат исплатите на парите од ФЗО, а со другиот се засилува сивата економија. Посочува и дека и доста боледувања има поради нега на трето лице. Порано тоа било за дете, а сега младите го отвораат боледувањето за да можат да ги гледаат возрасните, затоа што нема доволно центри за грижа.
Но, од ФЗО алармираат и дека луѓето се повеќе прават непотребни анализи и испитувања. Заклучно со октомври за тумормаркери се платени околу 2 милиони евра.
-Во многу категории имаме неоправдана употреба на лекови или имаме неоправдана дијагностика. Се знае тумормакрери кога се прават се знае кога се проверуваат хормони и се знае во кој период се конторлираат и други параментри. Или се знае за што треба ренген за што компјутер, томографии, за што треба магнет. И поради тоа имаме прекомерна дијагностика и пркеумерна употреба на лекови, вели за Бизнис објектив Клековски.
Од бројките во извшетајот на ФЗО може да се види дека лани се намалил и бројот на осигуреници , за над 17 илјади. Има се помалку вработени, а се повеќе пензионери. Сепак, од ФЗО тврдат дека засега фондот е стабилен и се успева да се приберат потребните пари, но во иднина велат е се поизвесно дека здравственото ќе се покрива од буџетот.
-Веќе има земји кои што одлучија за укинување на здрватсвените придонеси и за финансирање на здравствениот фонд целосно од буџетот. Црна Гора е еден таков пример но тие се релативна една мала земја и такви експерименти се поедноставни. Но она што е важно за финансирањето за високо средна развиена земја се океј и учеството на здравството во јавните финансии е на соодветно ниво но кога сето тоа ќе се стави заедно ние сме претпоследна земја по издвојување за здрваството во Европа, само Албанија е зад нас но таму се даноците повисоки од кај нас. Ние сме земја со најниски даноци и придонеси, јас не верувам дека можат да се решат проблемите со зголемување на здравствените придонеси. И бидејќи зборуваме за долгорочно решение јас лично заговарам здравството да се финансира од акцизи на стоки кои предизвикуваат штети по здравјето, додава директорот на Фондодт.
Анализите на Фондот покажале дека најголем притисок врз џебот на граѓаните се трошоците за лекови. И според СЗО, над 65 проценти од тој трошок луѓето сами го покриваат. Често пати во јавноста може да се слуше реченицата – зошто плаќам здравствено кога се лекувам приватно. Од ФЗО велат дека проблемите нема да се решат ако со здрваственото се опфатат и приватните болници. Сметаат дека насоката е во тоа да се се унапредат третманот и терапиите за оние болести кои се доста чести. Како пример ги посочија кардиоваскуларните кои се се поприсутни кај млади луѓе.
Во извештајот стои и дека во 2024 на товар на ФЗО во аптеките биле реализирани рецепти во вкупна вредност од 53 милиони евра.
Минатата година биле склучени договори со над 940 аптеки, повеќе од 2023 година.
Бројките на Бизнис мрежа покажуваат дека вкупни приходи на аптеките лани биле над 370 милиони евра. Профитот кои го оствариле е 10, 8 милион евра. Во аптеките на ниво на цела државата работат над 4.000 лица.
Од друга страна пак од податоците на Државниот завод за статистика може да се забележи дека низ години расте и извозот на фармацевски производи од земјава. Па, така од јануари до октомври на странските пазари биле пласирани вакви производи во вредност од над 150 милиони евра. Но, во истиот период во земјава се увезени фармацевски производи во вредност од над 250 милиони евра.
Заклучокот од фондот е дека еден од најважните проблеми во здрвството е системската корупција. Се додаваат капацитети кои не се ефикасни и служат само за да се реализира одредено вработување. Според, Клековски во земјава има и 300 аптеки повеќе од она што е потребно и лаборатории кои се неупотребливи.
Ирена Чачкова
