Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во координација со специјализирани единици за сузбивање на организиран и сериозен криминал, презедоа активности за ништење на голема количина минско-експлозивни средства, согласно однапред изготвен оперативен план.
– Во текот на утрешниот ден (13 декември 2025), експлозивните средства ќе бидат транспортирани од касарната „Ѓорче Петров“ до армискиот полигон „Криволак“ со товарни возила на АРМ. Таму, во присуство на Комисијата за уништување на оружје, муниција и експлозивен материјал, ќе биде извршено нивно уништување со контролирана детонација, информираа од МВР.
Во процесот ќе учествуваат полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства, стручни лица од Армијата на Република Македонија и пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување.
Ова е прво уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години, што се оценува како значаен чекор кон унапредување на безбедноста и одговорното управување со ризичен материјал.
